Привремено во прекин сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен поради голем одрон на патот

Скопје, 31 март 2015 (МИА) - Поради поголем одрон, сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола, на 100 метри пред тунелот е привремено  во прекин. Сообраќајот се пренасочува низ Битола. На самото место поставена е соодветна сигнализација.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

На регионалниот пат Валандово - село Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На регионалниот пат Гевгелија - локалитет "Смрдлива вода" во м.в. "Длабок дол", сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри. 

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...