Преговорите во Брисел завршија, се очекува трета средба

Скопје, 15 април 2015 (МИА) - Втората средба меѓу претставниците на владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ и опозициска партија СДСМ, со посредство на тројцата членови на Европскиот парламент, заврши денеска во Брисел без да бидат соопштени повеќе детали за што се разговарало.

Во заедничкото соопштение од европските парламентарци Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл се наведува дека разговори се одржале и дека е договорена повторна средба без да се прецизира кога и каде би се одржала.

- Учесниците се согласија дека дискусиите ќе продолжат, се вели соопштението.

Првата средба на претставници на двете партии се одржа, исто така, во Брисел на 30 март. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Тие имаа одделни средби со тројката европратеници, а потоа и кус заеднички состанок.

Првата рунда од дијалогот, заврши без успех, но со договор разговорите да продолжат по велигденските празници. Според информациите од средбите, СДСМ останал на барањето за формирање преодна влада и за оставки на министри и раководни лица во Македонската-радио телевизија, како и на Јавниот обвинител. Тоа било отфрлено од „тројката” од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...