Проект за изучување на францускиот јазик во кумановското ОУ „Браќа Миладиновци“

Куманово, 20 април 2015 (МИА) - Учениците од петто одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово ќе го изучуваат францускиот јазик преку проект што се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.

Тие ќе го учат јазикот преку приредби, музика, филмови и спорт по што во шесто одделение и официјално ќе можат да го изучуваат како втор странски јазик.

Координаторката на проектот Зорица Пиграноска информираше дека по спроведената анкета 78 проценти од родителите се изјасниле дека сакаат нивните деца да следат ваков тип на настава.

- Многу сме задоволни и верувам дека проектот ќе успее. Тој ќе се спроведува до крајот на учебната година, изјави Пирганоска.

Целта на проектот е да го популаризира изучувањето на францускиот јазик.

- Ова училиште е како матица со оглед на тоа дека овде веќе интензивно се изучува францускииот јазик, но сметаме дека има простор за поголема популаризација и вклучување на поголем број ученици. Се работи за проект за сензибилизација на францускиот јазик, истакна Марија Николова, одговорна во МОН за Франкофонијата.

Освен во ова училиште проектот ќе се спроведува и во кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, а на ниво на државата на овој начин францускиот јазик го изучуваат ученици од повеќе скопски општини и ученици од другите градови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...