Црвенковски се огласи за политичките случувања во државата

Скопје, 20 април 2015 (МИА) - Поранешниот претседател на Република Македонија и поранешен лидер на СДСМ Бранко Црвенковски денеска преку писмо се огласи за политичките случувања во државата.

По две години пауза од јавноста, а по повод роденденот на партијата, Црвенковски во писмото оценува дека во државата владее, како што вели, тоталитарен режим кој може да се смени само со масовни и континуирани протести кои ќе бидат мирни и ненасилни и ќе ја натераат власта на отстапки. Излезот од кризата, според него, се избори на кои, како што посочува, во психолошка смисла победникот треба да биде познат уште пред нивното распишување.

Во овој процес, смета Црвенковски, СДСМ ќе има исклучително одговорна и комплексна задача, но за тоа потребно е обединување на партијата.

-  Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец но најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна, но во исто време и суштинска и неопходна работа. На лидерството во партијата му посакувам многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам  денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање, вели Црвенковски во писмото.

Тој му дава целосна поддршка на сегашниот лидер на СДСМ Зоран Заев за тоа што преку проектот „Вистината за Македонија“ го обелоденува владеењето на власта, но се сомнева дека таа ќе поднесе оставка по објавувањето на т.н. бомби. Погрешно е, додава Црвенковски, да се верува и во тоа дека меѓународната заедница ќе изврши притисок врз власта и ќе овозможи формирање на преодна влада. 

- Тоа едноставно нема да се случи, вели Црвенковски, додавајќи дека ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, ниту пак на премиерот му е важен нивниот став.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...