Воз во близина на Велес прегази 14 мигранти (ОБНОВЕНО)

СЛЕДУВААТ ФОТОГРАФИИ СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - Првичните сознанија од увидот и истрагата која се води покажува дека 14-те илегални мигранти кои синоќа го загубија животот се помлади лица на возраст од околу 20 - тина години, а најголем дел се со потекло од Авганистан и од Сомалија, изјави денеска помошник министерот за односи со медиумите во МВР, Иво Котевски.

Тој информира дека синоќа околу 22.30 часот експресниот воз кој сообраќал од Солун кон Белград  на потегот на пругата од Велес кон Скопје, поточно помеѓу железничката станица „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“, налетал на поголема група мигранти, машиновозачот алармирал, се обидел да го запре возот, но не успеал, по што прегазил 14 илегални миганти кои сакале највероајтно да транзитираат низ територијата на Република Македонија кон земјите членки на ЕУ.

- Увидни екипи и екипи на медицинска помош и надлежниот јавен обвинител излегоа на лице место и извршен е увид. Пронајдени се тела на 14 илегални мигранти, а на лице место пронајдени се уште осуммина други, веројатно нивни роднини кои се пренесени во полициска станица за да им бидат земени изјави за соодветно да биде документиран случајот, изјави Котевски.

Пругите низ Република Македонија, нагласи тој, се дел од оние рути кои илегалните мигранти ги користат одејќи по таканаречената „Балканска рута“ односно од соседна Грција кон побогатите земји од ЕУ.

- Како МВР ги преземаме сите неопходни мерки и активности за  што е можно подобро да ја обезбедиме јужната граница. Но, Република Македонија е под засилен притисок особено последните неколку години, од јужната граница од илегални мигранти кои доаѓаат главно од кризните жаришта и од северна Африка и од Блискиот исток. Единствено решение во ваква ситуација, бидејќи не станува збор за локален проблем на кој е изложена РМ, туку за голобален проблем, е посоодветна соработка со грчките служби и посоодветно покривање на границата и од таа страна  за да се спречат илегалните минувања, изјави меѓу другото Котевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...