Пеесетина европратеници ја потпишаа Декларацијата за "Осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија"

Стразбур, 24 април 2015 (МИА) - Во Парламентарното собрание на Советот на Европа досега 49 пратеници од 21 европска земја и 4-те политички групи ја потпишале писмената декларација за "Осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија".

Во декларацијата, чија содржина и потписници се објавени на веб страницата на ПС на СЕ, се изразува загриженост за последниот развој на политичката состојба, особено на, како што се вели, неодговорното однесување на опозицијата.

- Ние ја поддржуваме итеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО и сметаме дека евроатланската интеграција е заедничка одговорност и на Владата и на опозициските партии. Сметаме дека македонските парламентарни избори беа слободни и фер, според извештаите на ОБСЕ и изјавата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, се вели во Декларацијата.

Во неа потписниците ги осудуваат, како што се наведува, заканите од претседателот на СДСМ Зоран Заев упатени до премиерот Никола Груевски и вмешаноста на странските тајни служби во нелегалното прислушување на телефонските разговори на највисоките политички претставници во Македонија.

- Сметаме дека само политичките аргументи и програми базирани на гласањето на граѓаните се демократски начин да се добијат изборите, се посочува во Декларацијата.

Потписниците бараат обновување на политичкиот дијалог и одговорно однесување на опозицијата, вклучително и враќањето на опозициските пратеници во Парламентот, како и слободни и независни судски процеси, спроведени по највисоки европски стандарди во транспарентна постапка.

- Ја подвлекуваме важноста на политичкиот дијалог во разрешувањето на конфликтите и апелираме на одговорна политичка опозиција во Македонија која ќе ги почитува демократските правила во политичкиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...