Груевски: Ќе ги победиме така јако што нема да се свесни што ги снашло

Охрид, 25 април 2015 (МИА) - Нашата крајна цел е стабилна и успешна Македонија. И за таа цел, вреди и да се истрпат овие што на глава ни се качуваат секој ден и во сопствената немоќ и фрустрации пробуваат да не испровоцираат, порача премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот народен собир во Охрид.

- Дневната битка со овие на кои којзнае што се може да им падне на памет, ние на крај ќе ја добиеме, и тоа по истиот принцип по кој Касиус Клеј ги добиваше мечовите. Со нокдаун и тоа во ситуација во која противникот мисли дека овој само што не паднал. Јас сум во тоа сигурен и воопшто не е тоа прашање на дилема, рече Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е вградено во темелите на оваа држава уште од своето основање и оти нивна задача е да ја штитат Македонија и сите граѓани кои живеат во неа.

- Народот е со нас. Ќе ве победиме. Ќе ве победиме така јако, што нема да сте свесни што ви се задесило. И кога победата ќе дојде, нека не се плашат, нема да јадеме живи луѓе како што тие се фалат, ние нема да се светиме, и не се закануваме, како тие што прават или како што многумина сакаат, туку ќе ве погледнеме во очи и ќе ви кажеме ова е наша заедничка држава и ние работиме за неа, истакна Груевски на собирот во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...