Малолетничка загина во сообраќајна несреќа кај Градец

Гостивар, 26 април 2015 (МИА) - Петнаесетгодишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел.

Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.

Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ" со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело.

Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.

Во тек е увид на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои работат на расветлување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...