Ситуацијата во Грција и Македонија не дозволува напредок за името

Атина, 27 април 2015 (МИА) - Од состанокот меѓу Коѕиас и Нимиц, очекувано, не произлегоа никакви новости, со оглед  на тоа што ситуацијата во Грција и Македонија во моментов не дозволува да се материјализираат иницијативи кои ќе создадат вистинска надеж за надминување на ќорсокакот во кој се наоѓа прашањето за името.

Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ во кусиот коментар за средбата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас со медијаторот Метју Нимиц, која се одржа во петокот во Њујорк.

Шефот на грчката дипломатија по минатонеделните средби со Нимиц и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека разговарале за текот на преговорите за прашањето за името, а брифирал и за разговорите во врска со мерките за градење доверба.

- Во Будимпешта, каде што бев пред две недели, разменивме листи со точки за мерките за градење доверба, и, како што видовме во изминатите десет дена, има совпаѓање во ставовите за некои точки кои би можеле да послужат како појдовна точка за дијалог, информира Коѕиас во врска со средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...