Амбасадорите очекуваат Македонија да најде излез од кризата

 Скопје, 5 мај 2015 (МИА) - Странските амбасадори се загрижени за политичката состојба во Македонија. Бараат таа се се разреши преку дијалог и посочуваат дека решението треба да го најдеме самите, оценија денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими по завршувањето на појадокот организиран по повод Денот на Европа - 9 Мај.

- Она  што во овој момент е реалност е недостигот на политички дијалог. Најмногу услуга им правиме на тие кои не сакаат да ги почнеме преговорите. Мислам  дека на тоа поле сите оние кои не поддржуваат за интеграција  во НАТO и ЕУ ја упатуваат истата порака дека мораме ние сами со наши напори да ги надминеме тековните потешкотии, изјави министерот Попоски.

Додаде дека тоа е неопходно за да може, како што потенцира, натаму полесно да се справиме со оние потешкотии  кои ни се прават надвор  и блокадите со кои сме соочени.

Вицепремиерот Бесими посочи дека имале отворен разговор со амбасадорите и оти тие изразиле загриженост за политичката состојба во земјата.

- Очекуваат излез од оваа ситуација што поскоро и што поскоро Македонија да биде во својата патека на евроатлантската перспектива, истакна вицепремиерот за европски прашања Бесими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...