Разбиена терористичката група во Куманово

Куманово, 9 мај 2015 (МИА) - Терористичката група во Куманово е разбиена, а триесетина нејзини припадници и се предале на полицијата, објави ТВ Алфа. 

- По попладневните борби и по кратки преговори, 30 членови од тешко вооружената териористичка група и се предале на полицијата, пренесе телевизијата. Се ште нема официјална потврда на информацијата.

По интензивните престрелки во текот на поладневните часови, во Куманово вечерва не се слушаат истрели. Кон населбата „Тоде Мендол“ каде што е жариштето на судирите се упатија амбулантно и неколку полициски транспортни возила. 

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека терористичката група имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.

- На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.

Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, ЕУ, САД, Русија и ОБСЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...