Да не се дозволи настанот во Куманово да наштети на општеството

Скопје, 10 мај 2015 (МИА) - Силно веруваме дека не смее да се дозволи овој настан да им наштети на односите во општеството. Исто така, се надеваме дека ова ќе биде моментот во кој лидерите на земјата заеднички ќе се ангажираат во дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја и долготрајната политичка криза и неопходните реформи.
 
Ова се наведува во заедничкото соопштение од Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на НАТО во земјава во однос на последните случувања во Куманово.
 
- Официјалните политички претставници овде и во регионот го осудија насилството. Тоа го зајакнува нашето разбирање дека вооружената група во Куманово е изолиран феномен, се вели во соопштението. 
 
Воедно, во соопштението се изразува „длабоко жалење за загубените животи во операцијата во Куманово, која за среќа е завршена. - Нашите мисли се со семејствата на полицајците кои беа убиени во операцијата и со граѓаните кои беа засегнати од насилството, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...