Партиските лидери со поддршка на демократските вредности

Скопје, 14 мај 2015 (МИА) - Во една тешка недела за државата, се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството без разлика дали е во криминални или политички цели. Исто така се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатлантската агенда за доброто на граѓаните.



Ова се наведува во заедничката изјава на политичките лидери од денешната средба, што се одржува во Клубот на пратениците во Скопје и која се уште трае.

На средбата присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

На средбата, како набљудувачи, присуствуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Премиерот Груевски е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси.

Лидерската средба е на заедничка иницијатива на четирите најголеми парламентарни партии и со поддршка на меѓународната заедница, со цел да почне дијалог за решавање на политичката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...