Груевски и Заев на средба во Стразбур

Скопје, 19 мај 2015 (МИА) - Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев денеска попладне во Стразбур ќе се сретнат со тројцата европратеници, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан. 



Тие, како што се очекува, ќе разговараат за излез од актуелната политичка криза во земјата.

Претходно Ховит, Вајгл и Кукан во Брисел имаа средби со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но детали од средбите не беа соопштени. 

Европратеникот Ховит присуствуваше на неделниот протест на СДСМ пред Владата, а вчера имаше средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои му соопштија детали за нивниот синоќешен собир.

- Јас сум тука да набљудувам и нема  да се обидам да лоцирам вина кај едната или другата страна, тоа не е одговорно однесување, во случај кога сте дел од посредништвото кое треба да ја разреши политичката криза, изјави Ховит.

Во текот на денешниот ден, Груевски и Заев во Стразбур ќе се сретнат и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој ќе се обиде да ги помири политичките противници со цел надминување на политичката ситуација во земјата.

За оваа задача, Хан синоќа беше охрабрен и од министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки на ЕУ, кои во рамки на Советот за надворешни работи на Унијата одржаа кус состанок и за политичко-безбедносната ситуација во Македонија и се договорија подетално да се навратат на ова прашање во јуни. 

Македонија, Турција и Унгарија утре, пак, ќе бидат на дневен ред и на новата сесија на Европскиот парламент. Европратениците во Стразбур ќе расправаат за политичката криза во Македонија и настаните во Куманово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...