Разговорите меѓу ВМРО-ДПНЕ и СДСМ во Стразбур траеа над десет часови

Стразбур, 20 мај 2015 (МИА) - Разговорите кои се водеа во Стразбур меѓу делегацијата на ВМРO-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски со делегацијата на СДСМ предводена од Зоран Заев, траеа над десет часови и прекинаа во раните утрински часови, околу 3 часот и 30 минути, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
 
Околу содржината на разговорите кои се водеа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредништво од страна на европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан, Ричар Ховит и европскиот комесар за соседска политика Јоханес Хан не произлезе ништо во јавноста. Двете делегации, заедно со нивните олеснувачи се договориле изутринава да излезат со заедничко соопштение за содржината на разговорите.
 
Секоја од делегациите околу 4 часот го напушти Европскиот парламент од различни излези, таа на ВМРО-ДПМНЕ од излезот Винстон Черчил, додека таа на СДСМ од излезот Луиз Вејс.
 
Известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл на излегувањето од зградата после десетчасовните разговори, пред исклучена камера и микрофон искоментира дека средбата не беше залудна и вредеше што се одржа. Тој според општо постигнатиот договор со делеагциите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и другите олеснувачи, не даде изјава за содржината, суштината и постигнатото во овие разговори. 
 
Како што  јавува дописникот на МИА, средбата започнала доцна попладнето, најпрво со одвоени средби на двете делегации со европарламентарците, а потоа и со еврокомесарот Хан и со олеснувачите.
 
На овие и на другите средби со европратеници Груевски и Заев, секој од својата страна ги запознаа соговорниците со ситуацијата во Македонија и нивните видувања за неа. Ова и во контекст на денешната дебата која ќе се води во Европскиот парламент за ситуацијата во Македонија.
 
Инаку, во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протоѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а тука беше и пратеникот Влатко Ѓорчев, кој и се приклучи на делеагцијата во Стразбур. 
 
Во делагацијата на СДСМ се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.
 
Денеска премиерот Никола Груевски ќе има средба и обраќање пред најголемата политичка група на ЕП, таа на Европските Народни партии во која членува ВМРО-ДПМНЕ. Ова непосредно пред вечерашнава пленарна дебата во ЕП за ситуацијата во Македонија, по која не е предвидено да се гласа резолуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...