Разговорите во Стразбур искрени и треба да продолжат

Стразбур, 20 мај 2015 (МИА) - По десетчасовните разговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент (ЕП) - Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, испратија кратко соопштение во кое се поздравува, како што се наведува, искрената дискусија која се водела изминатата ноќ и се изразува очекување дека разговорите меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе продолжат.

- „Во контекст на разговорите кои се одвиваат, премиерот Никола Груевски и лидерот на главната опозициска партија Зоран Заев се сретнаа со Иво Вајгл, Евдард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбур на 19-20 мај 2015 година. Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партиите да работат за постигнување договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди. 

Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мора да ги стават интересите на земјата. Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно средбите да продолжат“, се наведува во заедничкото соопштението на тројцата пратеници.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, на синоќешните средби се разговарало ЕУ да испрати свој претставник или претставници кои би го олеснувале дијалогот и би биле гарант за имплементација на евентуалниот договор, по примерот на белгискиот експерт Питер ван Хоуте, кој помагаше за воспоставување на политичкиот дијалог.

За клучната тема на несогласување, а тоа е барањето на опозицијата за формирање преодна влада, владејачката партија останала на ставот дека за нив такво нешто е неприфатливо и имале став за формирање работни групи кои би работеле на унапредување на неколку сфери и области, како што понудила и ДУИ на последната лидерска средба во Скопје.

Според неофицијалните информации, значен напредок во преговорите не е постигнат, но заедничка оценка е оти е добро што има средби и се разговара.

Инаку, претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево во Стразбур ќе има средба со генералниот секретар на Европската народна партија Антонио Лопез- Истуриц.

Груевски ќе се сретне и со претседателот на Парламентарната група на Европската народна партија во ЕП Манфред Вебер.

Груевски ќе има обраќање и ќе учествува во дискусијата на координацијата на Парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.

ЕПП, во која членува ВМРО-ДПМНЕ, е најголемата политичка партија на европско ниво и најбројна група во Европскиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...