Албанија става вето за прием на Македонија во НАТО

Тирана, 20 мај 2015 (МИА) - „Албанија ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО откако соседната земја целосно ќе го спроведе Охридскиот договор“, истакнал албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на регионалниот самит против тероризмот што се одржува денеска во Тирана.

Рама, како што пренесува АТА, рекол дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува на Македонија тоа е условено со спроведувањето на Охридскиот договор.

- Ги поддржуваме сите напори за барање излез од кризата, но од Самитот во Велс бараме да се донесе одлука дека најважната работа е гаранција за спроведување на Охридскиот договор, вели Рама.

Албанскиот премиер се осврнал и на случувањата во Куманово, оценувајќи ги како неприфатлива трагедија. 

- Многу е ризично кога се мешаат поимите. Поимот „тероризам“ и поимот „Албанци“ во Македонија се сплотија и тоа е неприфатливо во време кога Албанците биле, се и ќе бидат важен државотворен фактор за Македонија, изјавил Рама.

Шефот на албанската влада вели дека напорите за сплотување на тероризмот со Албанците е обид тероризмот да добие етничка конотација, што е неприфатливо.

- Ништо поризично не може да ни се случи на сите нас отколку да се помеша тероризмот со етничката припадност. Борбата против тероризмот треба да ги сплоти сите народи од Балканот против феноменот кој го ризикува регионалниот и глобалниот мир, рекол Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...