Изјавата на Рама за вето за влез на Македонија во НАТО е неприфатлива

Тирана, 21 мај 2015 (МИА) - Поранешната претседателка на албанскиот Парламент, висок функционер на опозициската Демократска партија и актуелен пратеник, Џозефина Топали, остро ја осуди изјавата на премиерот Еди Рама дека неговата земја ќе стави вето за влез на Република Македонија во НАТО.

Топали, која во осумгодишното владеење на демократите беше на чело на албанскиот Парламент осудата ја искажа на денешната седница на законодавниот дом.

– Изјавата на Рама е неприфатлива и тоа директно ќе влијае на прашањето за членство на Албанија во структурите на Европската унија. Албанија се уште не е таква сила за да може некого да условува и да го користи правото на вето за членство на друга држава, рече Топали.

Премиерот Рама, на Регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи од балканскиот регион, неколку европски земји,  како и претставици на САД, кога зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО рекол дека Албанија ќе стави вето доколку целосно не биде имплементиран Охридскиот договор.

Рама се огласи преку својот Фејсбук профил по барањето на Германија за меѓународна истрага за случајот Куманово. Тој напиша дека „воспоставувањето на правдата за случајот во Куманово, каде што имало десетици жртви и повредени, е камен-темелник за соживот меѓу луѓето од различни етнички групи“.

Ваквите изјави на Рама за повеќето албански аналитичари се дел од прдизборната кампања за подигање на неговиот рејтинг кај гласачкото тело пред локалните избори закажани за 21 јуни. Дел од медиумите, пак, сметаат дека ова е негова „офанзива“ по неуспехот на средбата со лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...