Возач се обидел да прегази полицајци на патниот правец Гевгелија-Скопје

Скопје, 22 мај 2015 (МИА) -  Полициски службеници вчера околу 15:45 часот биле нападнати на патниот правец Гевгелија-Скопје, кај местото викано „Чешмата“ при обид да сопрат и контролираат патнички автомобил марка „ауди“ со скопски регистерски ознаки и „БМВ“, исто така, со скопски регистерски ознаки.

Како што информира МВР, возачот на патничкиот автомобил „ауди“ се обидел да ги прегази, по што со голема брзина се упатил кон Велес. Еден од полициските службеници, избегнувајќи го ударот, додека паѓал испукал еден куршум од автоматско оружје.

Околу 16:30 часот патничкиот автомобил „ауди“ е пронајден на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучка кај село Караслари. Во возилото пронајдени се траги од крв и дополнително ќе биде  вештачено.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. На местото на настанот биле присутни и инспектори од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се вклучени во расветлување на случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...