Ќе се контролира квалитетот на водата на Преспанското Езеро

Скопје, 22 мај 2015 (МИА) - На Преспанското Езеро од денеска ќе се врши редовен мониторинг на квалитетот на водата преку првата станицата која беше официјално пуштена во употреба во селото Стење. 

- Со воведувањето редовен мониторинг на Езерото се вбројуваме помеѓу оние држави и региони во светот кои вистински ги ценат природните ресурси и соодветно се грижат за нив, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во поздравното обраќање по повод одбележувањето на 22 мај - Мeѓународниот ден на биолошката разновидност.

Станицата е поставена со цел да се подобри зачувувањето на богатата разновидност на природните живеалишта и видовите на сливот на Преспанското Езеро, како едно од најстарите слатководни езера во светот, со уникатен екосистем кој еволуираше во текот на пет милиони години, обезбедувајќи живеалиште за повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија.

Опстанокот на овој биодиверзитет директно зависи од квалитетот на водата, која во текот на последните 40 години е подложена на притисок на подолг сушен период, загадување предизвикано од неодржливи земјоделски практики, вклучувајќи ги и прекумерна употреба на ѓубрива, пестициди и фрлање на отпадот.

Како главна цел, Министерот ги посочи заложбите, овој систем, не само да функционира на одржлива основа, туку тој да се преслика во други сливни подрачја во државата со што директно ќе се придонесе кон уште поголема меѓународна промоција на вредностите на Преспа и успехот на заедничките напори во заштитата на богатиот биодиверзитет.

Мониторинг станицата се реализира во рамки на проектот „Заштита на Преспанското Езеро“ на Владата на Швајцарија и УНДП во партнерство со општина Ресен.

Градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски оцени дека ова претставував рв сеопфатен обид да се воведе организиран и редовен мониторинг на езерото од македонска страна.

- Тоа е од клучна важност во воведувањето на оптимално управување со езерскиот екосистем и економските активности во неговото сливно подрачје кои влијаат врз Езерото. Со негова помош ќе може да се следат и документираат позитивните промени кои се резултат на серијата мерки што во овој регион се успешно спроведени во текот на изминатите неколку години, рече Стрезовски.

На пуштањето во употреба на Мониторинг станицата се обратија и Алесандро Фракасети, заменик на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

По повод Меѓународникот ден беше отворена и изложбата на сликарката Кристина Зимбакова, кој под наслов „Микориза“ беше поставена на единствениот остров во Македонија – Голем Град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...