Договорот со Иран пресвртница во меѓународните односи

По повеќегодишни преговори Иран и шест светски сили постигнаа во Виена историски договор за иранската нуклеарна програма која предвидува Техеран да ги огранични своите нуклеарни амбиции во замена за укинување на санкциите.

Со тоа, се става точка на повеќегодишниот спор меѓу Западот и Иран и се отвара ново поглавје во меѓународните односи.

Според договорот, ембаргото на ОН на оружјето ќе остане во сила пет години, а забраната за купување на ракетна технологија ќе остане во сила осум години.

Иран го прифати повратниот механизам, според кој некои санкции можат да бидат повторно воведени во рок од 65 дена, ако договорот се прекрши. Исто така постигнат е компромис да им се дозволува на инспекторите на ОН да ги посетат иранските воени објекти во рамки на својот мониторинг, иако пристапот до тие локации иранските власти нема да го одобруваат автоматски.

Договорот предвидува и право на Техеран да оспори некое такво барање од ОН, како и вклучување на надлежно арбитражно тело кое ќе одлучува за тоа.

Нуклеарните преговори на Иран со САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија, беа обновени кон крајот на 2013 година, со цел постигнување на договор, кој би ја намалил загриженоста на Западот дека Техеран под плаштот на цивилна нуклеарна програма развива оружје, додека Иран од секогаш тврдел дека нуклеарната програма ја развива во мировни цели.

Постигнувањето на договор претставува голема политичка победа на претседателите на САД и Иран, Барак Обама и Хасан Рохани, но двајцата лидери ќе се соочат со скепса на влијателните претставници на тврдокорната струка дома, по повеќедецениското непријателство меѓу двете земји.
Лесно постигнатиот договор веројатно ќе наиде на отпор во Иран, каде е потребна поддршка од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, а и во САД чиј Конгрес има два месеца за негова ратификација на што републиканците отворено се противат.

Во првата реакција на нуклеарниот договор израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху оцени дека станува збор за лоша грешка од историски размери и најави дека Израел ќе ги преземе сите мерки да го блокира.

Си-Ен-Ен наведе дека договорот, кој се нарекува клучно достигнување на надворешната политика на претседателот Барак Обама, ќе ги релаксира односите меѓу Иран и Западот и дека неговите ефекти веројатно ќе го разбрануваат немирниот Блиски Исток.

Укинувањето на санкциите на Иран ќе донесе брз економски раст со прекин на рестрикциите кои драстично му наштетија на увозот и го намалија извозот на нафта, а како што пренесе ИРНА, милијарди американски долари ирански имот кои се замрзнати со воведените санкции, ќе бидат одмрзнати.
Во тој контекст, Би-Би-Си наведува дека Иран ќе ја зајакне економската сила, со тоа и политичкото влијание, на што некои блискоисточни актери како Саудиска Арабија и Израел, нема да гледаат благонаклоно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...