ДПА - Хамбург

Сириските бегалци стравуваат дека се стока за „валкана зделка“

Сириските бегалци стравуваат дека судбината може да им се повтори ако Европската унија и Турција потпишат договор за целосно стопирање на текот на мигранти кон унијата.

Таквиот договор би значело уште години чекање на Турција додека сириската војна продолжува да пламти и уште со години неможност да работат законски и борба децата да им добиваат добро образование.



Турција и европските лидери се пазарат околу детали на договор затоа што секој си ги шитит своите интереси. Сиријците велат дека се исклучени од преговорите и се без глас.

- Се чувствуваме као да сме карта која тие ја играат, вели 29 годишен бегалец од провинцијата Хомс, кој се претстави само со името Рами. „Не искористуваат. Никој не не прашува што сакаме. Ние сме само бројки – колку сте добиле и колку можете да добиете“.

-Луѓето одблизу ги следат вестите околу преговорите меѓу Европа и Турција, можеби повеќе отколку што ги следат вестите за Сирија, рече Рами кој живее во Турција повеќе од една година.

Правно, Сиријците, авганистанските и другите групи не се признаваат како бегалци во Турција. Тие може да престојуваат во земјата, но вообичаено им се одбива дозвола за работа. Само дел од нивните деца посетуваат училиште, а многу наместо да учат работат или просат за да си ги исгранат семејствата.

- Луѓето тргнуваат од Турција кон Европа затоа што за нив таму нема можности, рече 27-годинот Салем од сириската провинција Алепо. „Тие можат да бидат продуктивни членови од општеството“.

- Во Турција нема место за мене, вели Салем кој бил наставник по англиски јазик пред војната и сега сака да се запише на магистратура. „Немам пристап до образование и немам пристап до работа. Ако немам начин легално да стигнам до Европа, ќе се качам на брод затоа што за мене нема надеж додека живеам во Турција“, рече тој. „Никој нема да си го ризикува животот ако не верува дека има добра шанса од другата страна на брегот“.

Европските лидери кои се исправени пред најголемиот проток од мигранти од Втората светска војна наваму, бараат Анкара да преземе мерки сиријците да не ја напуштаат Турција која е нивна главна транзитна земја.

Мерките предвидуваат борба со трговците со луѓе и подбрување на животот на над 2,2 милиони бегалци кои живеат во Турција.

Турција бара Европа да понесе поголем дел од товарот од бегалската криза. Таа бара воведување на безвзен режим со Европа и бара да биде призната како „безбедна држава“ што значи дека во Турција луѓето не се подложни на политичка тортура. Последново барање предизвика остра осуда од организации за заштита на граѓанските права.

- Концепцијата е погрешна и нејзино применување во Турција е пасолутна лудост, рече Ендрју Гарднер, претставник на Амнести интернешенел во Турција. „Тоа е само политика и ништо повеќе“.

- Во Турција секогаш имало злоупотреба на човековите права, рече Гарднер.

- Гледаме на ова како на ужасна сделка затоа што турците си имаат свои интереси, рече Салем. „Тие сакаат да имаат слободен достап до Европа, но ние уште не сме слободни“.

Повеќето сиријци се благодарни на Турција дека ги прифаќа. Анкара вели дека потрошила осум милијарди долари за храна, сместување, лекарства и други услуги за бегалците од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија.

Многу луѓе сметаат дека ако Турција правно ги признае сиријците за бегалци, и го гарантира правото да работат и ако им помогне да застанат на свои нозе, тие ќе се откажат да заминуваат за Европа.

- Многу од Сиријците сакаат да останат во Турција, рече Рами. „Тука има заедница, блиску сме до Сирија, и можеби еден ден ќе можеме да се вратиме“.

Во текот на годинава Грција беше сведок како повеќе од половина милион бегалнци доаѓаат на нејзините брегови и како три илјади мигранти загинаа во морето обидувајќи се да стигант до Европа. Се очекува во следните месеци уште многу бегалци да ја напуштат Сирија заради разжестувањето на војната таму.

Али неоодамна пристигнал во Амстердам откако живеел две години во Истанбул. Тој тгнал на опасно патување со чамец на крајот на летото од јужна Турција до Европа.

- Луѓето нема да си го ризикуваат животот без причина, вели Али осудувајќи ја како што тој вели „валкана зделка„ помеѓу Европа и Турција. „Очајот и недостигот на иднина се причините за опасното патување. Сиријците си ги сакаат своите законски права, а не реториката која им вели: бидете благодарни за тоа кое ви го даваме, и молчете си или ќе ве вратиме назад“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...