Сириските бунтовници објавија снимка од рускиот пилот

Лондон, 24 ноември 2015 (МИА) - Група сириски бунтовници денеска објави  видео снимка на која се прикажува маж кој неподвижно и тешко ранет лежи на земја, а за кој тврдат дека е мртов руски пилот.

Од групата мажи кои се собрани околу него се слуша како некој вели „тоа е рускиот пилот“, а потоа „Господ е голем“, јавува „Меил онлајн“.

Снимката на британските медиуми им ја испратила бунтовниката група која оперира на северозапад од Сирија, каде се активни групите меѓу кои е и Слободната сириска армија, но Исламска држава не е присутна.

Турција претходно денеска собори руски воен авион на границата со Сирија затоа што, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на Турција, иако повеќе пати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакна дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Судбината на двајцата пилоти на рускиот авион се уште е неизвесна и нема потврда дека тие се мртви, додека турските медиуми јавуваат дека два руска хеликоптера тргнале во потрага по нив.

Руското Министерство соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и дека сега се утврдува што се случило со нив.

На снимката што ја објави агенцијата Анадолија се гледа како двајцата пилоти со падобранци се спуштаат од соборениот авион.

Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на локални извори, јави дека еден од пилотите на соборениот авион паднал во раце на туркменските сили во северна Сирија, кои сега го бараат и вториот пилот.

Францускиоте медиуми, повикувајќи се на наводите на турските медиуми, јавија дека од соборениот авион се катапултирале двајцата пилоти, од кои едниот потоа го заробиле сириските бунтовници.

Неименуван претставник на групата сириски бунтовници која ја испрати снимката до медиумите изјави дека пилотот е мртов, додека вториот пилот од соборениот авион не се споменува.

Авионот, во моментот на соборувањето, се наоѓал на височина од 6.000 метри, а експлодирал во воздух и во пламен паднал врз планината Туркмен на сириската страна од границата, јавија турските телевизии Си-Ен-Ен Турк и НТВ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...