Протести на египетски новинари поради апсење на двајца нивни колеги

Каиро, 5 мај 2016 (МИА) – Илјадници египетски новинари побараа од претседателот да го разреши министерот за внатрешни работи и да се извини за полициската акција против новинарски синдикат и апсењето на двајца про-опозициски новинари.

На протестот присуствуваа околу 3.000 новинари кои бараа ослободување на нивните колеги во момент на се поголеми изрази за незадоволство од претседателот Абдел Фатах аз Сиси.

Стотици полицајци беа распоредени во централните делови од Каиро откако минатиот месец почнаа протести поради тоа што претседателот и предаде два острова во Црвеното Море на Саудиска Арабија. На 15 април илјадници демонстранти бараа соборување на режимот.

Според претставници на новинарскиот синдикат, полициската акција била првата во 75-годишната историја на организацијата.

Под мотото „Новинарството не е криминал“, репортерите бараа весниците да излезат во продажба со празни први страници и да запрат со користење на името на министерот за внатрешни работи Магди Абдал Гафар. Одлучено е да се одржи седница идната недела за да се организира штрајк ако барањата не им бидат исполнети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...