Факти зошто американските избори се историски

Републиканците веќе имаат кандидат за претседател на САД, додека кај демократите се уште трае трката. Најмногу шанси засега да се најде очи-во-очи со Доналд Трамп има Хилари Клинтон. Кој од нив како актуелни кандидати да победи на изборите ќе собори некои рекорди и традиции долги и повеќе од еден век.



1- Кога Барак Обама влезе во Белата куќа имаше 47 години, петти најмлад претседател во историјата на САД. Најмлад бил Теодор Рузвелт со 42 години и 322 дена. Кој и да победи на изборите ќе биде далеку постар. Берни Сандерс ќе има 75 години на денот на инаугурација на наследник на Обама, речиси шест години постар од најстариот претседател во историјата на САД, Роналд Реган. Доналд Трамп би бил исто така најстар претседател во историјата на САД доколку на 8 ноември победи на изборите бидејќи на 14 јуни ќе има 70 години. Хилари Клинтон две недели пред изборот ќе има 69 години и ако биде избрана ќе биде најстар претседател во историјата на САД.

2 – Во двата случаја – Трамп/Клинтон или Трамп/Сандерс, изборите на 8 ноември ќе бидат натпревар меѓу њујорчани. Тоа е првпат по 1944 година очи-во-очи во претседателска трка да бидат њујорчани. Кога се случило тоа последен пат, победил Теодор Рузвелт. Иако Хилари е родена во Чикаго, живее во Њујорк и била сенатор на таа држава, па доколку кој од нив да победи тоа ќе бида првпат по 71 година њујорчанец да биде на тоа место.

3 – Доколку Трамп биде победник, ќе биде кандидат кој потрошил најмалку за време на изборна кампања. Податоците од Федералната Комисија за избори покажуваат дека Трамп до крајот на март потрошил 49 милиони долари од кои 36 милиони негови пари. Ниту еден кандадит од Алан Гор во 2000 година не потрошил помалку пари. Досега според извори на Си-Ен-Ен, Клинтон потрошила 187 милиони долари. Обама во кампањата имаше потрошено неверојатни 556 милиони долари, пренесува МИА.

4 – Ако Трамп го наследи Обама тоа ќе биде уривање на уште една традиција. Никој во изминатите 60 години не станал претседател на САД, а да немал искуство како сенатор. Последниот претседател на САД кој немал политичко искуство бил Двајт Ајзенхауер, но тој пред преземањето на функцијата во 1953 година бил командант на сојузнички сили во Втората светска војна.

5 – Во случај да победи, Хилари Клинтон би била прва жена претседател на САД.

6 – Победа на поранешниот државен секретар би значела уште едно – уривање на традицијата долга повеќе од еден век. Само двајца демократи успеале да наследат демократ на местото претседател на САД. Последен пат тоа му се случило на Џејмс Бјукенен во 1875 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...