Снајперисти убија петмина полицајци во Далас, тројца напаѓачи приведени

Далас, 8 јули 2016 (МИА) - Петмина полицијаци се смртно застрелани, а шестмина се повредени кога снајперисти отворија оган кон полицајци во центарот на Далас, за време на протест поради неодамнешното убиството на двајцата Афроамериканци, кои го извршиле припадници на полициите во Луизијана и Минесота.

Три лица се уапсени во врска со снајперскиот напад врз полицајци во Далас, а со четвртиот осомничен, кој се забарикадирал во гаража во градот, а полицијата преговара да се предаде, изјави началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун.



Еден од тројцата уапсени доброволно се предал, откако негова фотографија била објавена од полицијата и јавноста била замолена да помогне во неговото идентификување.

За време на преговорите со четвртиот осомничен тој изјавил дека поставил бомба некаде во центарот на градот, истакна Браун.

Осомничениот исто така отворил оган кон полицајците, кои го опколиле и престрелката трае веќе 45 минити, додаде тој. Тој изјавил дека планира да повреди уште полициски службеници.



Браун изјави дека најмалку двајца снајперисти отвориле оган кон полициските службеници со намера да убијат колку што е можно повеќе полицајци.

Нападите биле планирани и координирани.

По нападот врз полицајците за време на протестот во Далас, центарот на градот буквално беше блокиран од силите на редот.

Браун додаде дека засега не се познати мотивите на напаѓачите.

Поради инцидентот американското цивилно воздухопловство ги ограничи летовите над Далас. Ограничувањата не се во сила само за летовите на Брзата помош, организирани од локалната полиција. Ограничувањата важат од 3:45 часот до 11:30 според Гринич.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...