Доналд Трамп ја „охрабрувал“ Русија да ја хакира Хилари Клинтон

Вашингтон, 28 јули 2016 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е обвинет од изборниот штаб на Демократската партија дека „активно охрабрувал“ една светска сила да се хакира интернет комуникацијата на Хилари Клинтон.

Американските телевизиски станици ја емитуваа снимката од вчерашниот настап на Трамп во Флорида, на која вели - хакирајте ја Клинтон.



- Ако прислушувате, верувам дека може да откриете 30 илјади мејлови за кои се вели дека се исчезнати, им порачува од говорницата Трамп на Русите, додавајќи дека верува оти за таа нивна работа, ќе бидат „обилно наградени“ од американскиот печат.

Станува збор за над 30 илјади мејлови, од истрагата за користењето на нејзиниот приватен сервер за служени потреби, за примање и испраќање електронска пошта, во текот на нејзините четири години, помината на функцијата државен секретар на САД.

Овие мејлови Клинтон ги нема предадено, со објаснување дека во нив има приватни работи.

Истрагата што за случајот ја спроведе ФБИ заврши со заклучок дека нема основа за отворање кривична постапка против Клинтон, но таа и нејзините соработнци беа критикувани за сериозно нарушување на работната дисциплина.

Трамп ја осуди таквата одлука на ФБИ, обвинувајќи го Бил Клинтон дека се договорил со државнот секретар за правда за „помилување“ на Хилари, што беше демантирано, но неговиот настап во Флорида и повикот за хакирање на електронската пошта на кандидатот на демократите, покажува оти тој и неговиот штаб не се откажуваат од „скандалот со мејловите“.

Повикот до Русија за хакирање на Хилари Клинтон доаѓа отако Москва беше обвинета за хакирање на мејловите на Националниот комитет на демократите, што потоа се најдоа на Викиликс, со цел да и се напакости на партијата и на нејзиниот кандидат , за сметка на Трамп и републиканците.

Трамп ги отфрла сите обвинувања и тврди дека не се познава со Владимир Путин и дека никогаш не се сретнал со рускиот претседател. Но Си-Ен-Ен, синоќа емитуваше една изјава на Трамп, од почетокот на изборната кампања, на која тој признава оти сепак се има сретнато со Владимир Путин.

- Ова е прв пат еден од претседателските кандидати да охрабрува странска земја за да спроведе шпионирање против политичкиот противник, изјави синоќа Џон Саливен, политички советник на Клинтон.

Со остра критика за Трамп се огласи и поранешниот секретар за одбрана, Леон Панета. Тој го осуди „повикот до странска земја, згора на тоа Русија“ да се хакира еден претседателски кандидат, тврдејќи дека Доналд Трамп не е квалификуван за да биде претседател на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...