Сенаторот Хари Рис бара ФБИ да ја истражи заканата за руската вмешаност во изборите во САД

Вашингтон, 30 август 2016 (МИА) - Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Хари Рид, бара ФБИ да ја истражи заканата од руска вмешаност во американските избори, вклучувајќи ја и можноста од фалсификување на изборните резултати, пренесоа американските медиуми.

Рид во писмо до директорот на ФБИ, Џејмс Коми, наведува дека „и натаму се трупаат доказите за директна врска меѓу руската  Влада и кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп“.

Тој во писмото посочува за врски меѓу кампањата на републиканскиот кандидат за американски претседател и руските интереси и истакнува докази за руските обиди за мешање во изборниот процес, вклучително и хакерскиот упад во компјутерските мрежи на политичките организации на демократите. Според него, од суштинско значење е да се истражат овие околности.

Сенаторот Рид како сериозна закана ја оцени можноста непријателска влада да се обиде да упадне во американските избори и смета дека јавноста заслужува целосна отчетност пред изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...