Колумбиската Армија за национално ослободување ќе ги прекине нападите до референдумот

Богота, 26 септември 2016 (МИА) - Втората по големина бунтовничка групација во Колумбија, Армијата за национално ослободување (ЕЛН), прогласи едностран прекин на нападите до 2 октомври, за кога е закажан референдумот за мировната спогодба меѓу Владата и Револуционерските вооружени сили на Колумбија (ФАРК), изјави колумбискиот министер за внатрешни работи Хуан Фернандо Кристо. 

- Одлуката, која ја соопшти ЕЛН е добар знак и Владата ја поздравува. Таа ќе го овозможи гласањето на териториите, каде дејствува ЕЛН, рече Кристо на прес-конференција.

Тој изрази надеж дека ЕЛН ќе ги ослободи сите заложници, кои ги држи и ќе се откаже од праксата да киднапира луѓе.

- Доколку тоа биде решено во следните недели, ќе можеме да седнеме на преговарачка маса со веќе објавениот дневен ред. Владата е целосно подготвена за дијалог, но тие бунтовници треба да сфатат дека во ова време киднапирањата се неприфатливи за колумбиското општество, додаде Кристо.

Колумбијците ќе гласаат на 2 октомври за тоа дали да се одобри со закон мировната спогодба меѓу Владата и ФАРК, најголемата бунтовничка група во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...