Приврзаници на ИД ликвидираа најмалку 30 цивили во Авганистан

Кабул, 26 октомври 2016 (МИА) - Авганистански талибанци поврзани со групата Исламска држава (ИД) синоќа убија најмалку 30 цивили, вклучувајќи и деца, кои претходно ги киднапирале во централната провинција Гор, соопшти денеска провинцискиот гувернер Нариз Хазе.

Тој нагласи дека убиствата биле извршени како одмазда за смртта на еден локален командант на ИД.

- Авганистанските сили за безбедност, со помош на локалното население вчера спроведоа операција за време на која беше убиен командат на ИД, наречен Фарук. Како одмазда на убиството џихадистите, киднапираа триесетина селани, од кои повеќето овчари. Нивните тела изрешетани од куршуми беа пронајдени изутринава од локални жители, изјави Хазе. 

Друг претставник на властите во провинцијата изјави дека извршителите на злосторството се членови на отцепена талибанска група, која минатата година се заколнала на лојалност на огранокот на ИД во Авганистан. 

Владините сили во меѓувреме ликвидирале најмалку 45 борци, вклучувајќи 19 терористи од ИД во источната провинција Нангархар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...