Мексико ги повика своите граѓани во САД да останат спокојни

Властите во Мексико ги повикаа вчера своите граѓани кои живеат во САД да останат смирени и најави отворање на итна телефинска линија, реагирајќи на намерата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги депортира илегалните мигранти.

- Сонароднику, минуваме низ моменти на несигурност. Биди спокоен, не одговорај на провокации и не дозволувај да те измамат. Владата на претседателот Енрике Пења Нието и сите Мексиканци се со тебе, повика во видео порака, објавена на интернет, мексиканската министерка за надворешни работи Клаудија Руис Масиеу.

Таа ги поздрави 11-те мерки, кои ќе бидат преземени од мексиканската амбасадата и 50-те конзулати во САД за „информирање, придружување и заштита“ на мексиканските мигранти, во случај на евентуално дејствување на американските миграциски власти по официјалното стапување на должност на Трамп во февруари.

Мексиканските власти ќе отворат и деноноќна телефонска линија, на која ќе се одговараат прашања поврзани со миграциските мерки или за соопштување на инциденти и „било каква злоупотреба“.

Според официјалните податоци, во САД се наоѓаат 11 милиони мигранти без право на престој, од кои повеќето се Мексиканци. За време на предизборната кампања, Трамп изјави дека околу три милиони мигранти, кои имаат криминално досие, ќе бидат депортирани или затворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...