Почина Фидел Кастро

Хавана, 26 ноември 2016 (МИА) - На 90-годишна возраст во Хавана почина таткото на кубанската револуција Фидел Кастро, соопшти неговиот брат и актуелен претседател на Куба, Раул Кастро.

- Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време), објави рано изутринава Раул Кастро во специјаното обраќање до нацијата преку националната телевизија.

Тој информираше дека телото на „команданте ен хефе“, согласно неговата желба, ќе биде кремирано во текот на денешниот ден.

Фидел Кастро е роден на 13 август 1926 година во местото Биран во провинцијата Оринете во земјоделско семејство. Во 1949 година дипломира на Парвиот факултет во Хавана, по што почнува да се занимава во политика.

На 26 јули 1953 година, Фидел со група негови приврзаници организира неуспешен напад врз касарната во Сантијаго де Куба, по што е уапесн и осуден на 15 години затвор.

По општата амнестија во 1955 година, е ослободиен од затвор и емигрира во Мексико, за веќе следната година да се врати на Куба со група вооужени собирци и на 2 декември ја започнува Кубанската социјалистичка револуција.

Револуцијата завршува на 1 јанури 1959 година, кога Кастро ја презема власта во земјата, по што во 1961 година тој во Куба воведува социјалистичко уредување по советскиот модел.

На 3 декември 1976 година Фидел Кастро покрај функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба ги презема и должностите претседател на Државниот совет на Куба, односно шеф на државата и кубански премиер.

На овие функции останува до август 2006 година, кога му ги препушта на неговиот брат Раул, а во 2011 година ја напушта и должноста генерален секретар на Комуниситчката партија.

Смртта на Фидел Кастро доаѓа две години по историскиот договор меѓу САД и Куба за обнова на односите, кои беа замрзнати во текот на кубанската криза во 1962 година, кога светот беше доведен на работ на Нуклеарна војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...