Трамп ги избра членовите на тимот за промена на „Обамакер“

Вашингтон, 29 ноември 2016 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе објави денеска дека ги избрал републиканецот Том Прајс, жесток критичар на системот за здравствена заштита на претседателот во заминување Барак Обама и консултантот за здравствената политика од Индијана, Сим Верма, да му помогнат во промена на постоечкиот здравствен систем. 

Трамп ќе го именува Прајс, претставник на републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот за министер за здравство и социјална служба. 

Вермa ќе ја предводи агенцијата ЦМС, која ги надгледува владините здравствени програми и стандардите на здравственото осигурување. 

За двете позиции е потребно и одобрување од Сенатот, а администрацијата на Трамп ќе мора да добие согласност од американскиот Конгрес за да го укине и измени законот за здравство.

Трамп изјави дека ќе го замени „Обамакер“ со план со кој на сојузните држави ќе им се даде поголема контрола врз системот за пружање здравствена помош на сиромашните и да да им се овозможи на осигурителните компании да ги продаваат полисите на национално ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...