Повеќе од 7.000 цивили се евакуирани од сирискиот град Алепо, а моментно на пат е и шести конвој, соопштија денеска турски официјални лица.
Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу на Твитер напиша дека во пет конвои се евакуирани повеќе од 7.000 цивили.
Претходно МО на Русија соопшти дека од Алепо се евакуирани повеќе од 6.400 луѓе во изминатите 24 часа меѓу кои и 3.000 бунтовници.
МКЦК соопшти дека операцијата би можела да трае со денови. Во градот се заробени уште десетици илјади луѓе.