Две лица загинаа во стампедо на рок концерт во Аргентина

Буенос Аирес, 13 март 2017 (МИА) - Две лица загинаа, а повеќемина се повредени во огромната турканица и стампедо на синоќешниот рок концерт во Аргентина, пренесоа француските медиуми.
Десетина лица, меѓу кои и една жена, се наоѓаат на интензивна нега во блиските болници.
Над 300.000 лица вчера го окупираа градот Олаварија, во близина на главниот град Буенос Аирес, за да го слушаат Индио Солари.
- Ситуацијата излезе од контрола. Не очекувавме толку многу луѓе, изјави градоначалникот Есекиел Гали.
Тој забележал дека вообичаено на концертите доаѓале „само“ 170.000 лица.
Градот Олаварија има 130. 000 жители. а вчера во градот влегле 100. 000 автомобили.
Турканицата настапила веднаш по почетокот на концертот. По само 20 минути Индио Солари го прекинал концертот.
Минатата година 68-годишниот Солари на јавноста и откри дека има Паркинсонова болест. Неговите концерти редовно привлекуваат мноштво фанови од сите генерации во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се венчале Мујо и Фата и на првата брачна ноќ Мујо се соблекува и &иацуте; вика на Фата:
- Види Фато што имам!
А Фата разочарана:
- Абе Мујо, мал ти е.
- Мало, мало ама...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...