Пожарите во Калифорнија уништија бројни плантажи на марихуана пред жетва

Сакраменто, 18 октомври 2017 (МИА) - Пожарите, кои избувнаа во северниот дел на американската држава Калифорнија, уништија голем број винарии и десетици плантажи на марихуана.

Најмалку 31 плантажа на марихуана е целосно уништена, на многу други им е нанесена одредена штета, а се очекува нивниот број да се зголеми кога властите ќе им дозволат на фармерите да се вратат на своите имоти.

Во времето на избувнување на пожарот, одгледувачите на марихуана се подготвуваа да започнат важна жетва, бидејќи во Калифорнија, од јануари ќе биде дозволена продажба на марихуана за рекреативни цели.

За разлика од винариите, одгледувачите на марихуана немаат можност да ги осигураат своите посеви, бидејќи билката сѐ уште е на листата на забранети супстанции според федералниот закон на САД.
Се очекува нанесената штета да нема поголемо влијание врз пазарот за марихуана во Калифорнија, бидејќи илјадници одгледувачи не претрпеле штета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...