Демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом, а републиканците во Сенатот

Демократската партија освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, додека републиканците успеаја да ја задржат и многу можно и да ја зголемат контролата врз Сенатот, покажуваат нецелосните резултати од вчерашните конгресни избори во САД.



Според резултатите од избраните 411 од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом, демократите освоија 218 конгресмени, колку што се неопходни за мнозинство, а републиканците 193.

Демократите го направија пресвртот со извојување победа во 23 изборни единици, во кои на претходните избори победија републиканските кандидати.

Во Сенатот, пак, со досега избраните 31 од 35-те сенатори што одеа на реизбор, републиканците веќе освоија 51 место, колку што е неопходно за сенатско мнозинство. Демократите загубија три од местата што досега ги држеа и тоа во Индијана, Мисури и Северна Дакота и во моментов имаат обезбедено 45 сенатори.

Меѓу сенаторите што ги задржаа своите места се независниот кандидат од таборот на демократите Берни Сандерс во Вермонт, демократотскиот потпретседателски кандидат на изборите во 2016 година Тим Кејн во Вирџинија, како и републиканецот Тед Круз во Тексас.

Конечниот состав на Сенатот нема да биде познат по вчерашното гласање, бидејќи во Мисисипи ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, па ќе се одржат нови избори кон крајот на ноември. Ова место во Сенатот досега го држеа републиканците.

Во својата прва оценка на изборните резултати, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тие претставуваат „огромен успех“.

– Огромен успех оваа вечер. Ви благодарам на сите, напиша Трамп на Твитер, кој во текот на кампањата активно агитираше во прилог на републиканските кандидат, во обид републиканците да ја задржат контролата барем над еден од двата дома на Конгресот.

Што се однесува пак до изборите за гуверенерите на 36 од 50-те американски сојузни држави, републиканците успеаја да освојат 19 места, вклучително и оние во Флорида и Охајо, кои важеа за едни од најнеизвесните изборни трки. Покрај во овие две држави републиканските кандидати за гувернери победија и во Алјаска, Вермонт, Мериленд, Масачусетс и Тексас.

Демократите пак успеаја да победат на изборите за гувернер во 14 држави, меѓу кои и во Њујорк, Калифорнија, Пенсилванија, Колорадо, Мичиген, Канзас, Илиноис, Ново Мексико и Орегон.

Неизвесна битка се води во Џорџија, каде засега републиканецот Брајн Кемп има мала предност пред демократката Стејси Абрамс. Абрамс е првата Афроамериканка кој има шанси да стане гувернер на Џорџија.

Во Конектикат републиканскиот кандидат Боб Стефановски има предност од само 0,4 проценти поени пред демократот Нед Лемонт, а во Невада при преброени 80,6 отсто од гласовите демократскиот фаворити Стив Сисотак има предност од 4,7 проценти пред републиканецот Адам Лаксалат.

Изборите беа одбележани со голема излезеност и долги редови пред гласачките места, но и со дефекти на гласачките машини во Џорџија.

Американските медиуми наведуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата.

Така, во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.

Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.

Дваесет и деветгодишната демократката Александрија Оказаио-Кортез со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...