Специјален претставник на ОН ќе пристигне во Турција во врска со истрагата за убиството на Кашоги

Известувачка на ОН за човекови права денеска треба да пристигне во Турција за да го истражи случајот на саудискиот новинар Џамал Кашоги, речиси четири месеци по неговото убиство во конзулатот на Ријад во Истанбул.



Агнес Каламард ќе престојува во Турција до 3 февруари за да собере докази и други документи за смртта на Хашоги, пред состанокот на функционерите на ОН закажан за јуни.

ДПА коментира дека посетата доаѓа во време кога Саудиска Арабија вложува напори за нормализирање на односите со меѓународната заедница, која го доведе во прашање кредибилитетот на истрагата на Ријад за убиството на Кашоги.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претходно изјави дека нема овластување да започне истрага за смртта на Кашоги, и оти ниту една земја не поднела официјално барање за покренување истрага.

Тимот на ОН сега ќе ги процени чекорите преземени од страна на турската и саудиската Влада за решавање на случајот, изјави Каламард за Интернет страницата на одделот на ОН за човекови права минатата недела.

Експертите на ОН, исто така, ќе ги проценат „природата и степенот на државите и одговорностите на поединците за убиството“.

Престојот на Каламард во Турција минатата недела го најави турскиот министер за надворешни работи Мављут Чавушоглу, кој истакна дека „е време“ за покренување меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар.

Чавушоглу најави дека за време на посетата на специјалната известувачка на ОН на Анкара ќе го покрене прашањето за започнување истрага за смртта на Кашоги.

Кашоги беше новинар на весникот „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови за властите во Ријад и пред се за саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

Обвинителството во Ријад за убиството на Кашоги осомничи 11 лица, од кои за петмина бара смртна казна. Но, критичарите на властите во Ријад сметаат дека овие обвинувања се само обид за дистанцирање на принцот Мохамед од убиството



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...