Значителен пораст на емисиите на CО2 во светот во 2018 година

Светските емисии на јаглерод диоксид (CО2) кои произлегуваат од енергенсите забележале раст во 2018 година, според извештај на Меѓународната организација на енергија.

– Емисиите беа во застој помеѓу 2014 и 2016 година, плод на голем напредок во смисла на енергетската ефикасност и новите технологии, но динамиката се измени во 2017 и 2018 година, констатира Агенцијата во својот најнов извештај.

Додека побарувачката за енергија продолжила да расте, енергетските технологии не се развивале доволно брзо. Па така, минатата година, емисиите на CО2 од сите енергенси (нафта, гас, јаглен, обновлива електрична енергија и друго) се зголемиле за 1,7 отсто.

Главни виновници за оваа состојба се Кина, Индија и САД, кои се одговорни за 85 отсто од ова зголемување, додека Германија и Велика Британија, пак, бележат намалување на штетните емисии благодарение на инвестициите во зелени и обновливите енергии, на штета на јагленот. Подобрување е констатирано и во Јапонија, благодарение на повторното пуштање во употреба на нуклеарните реактори, како и во Франција преку интензивното производство на енергија на нуклеарните централи.

– Овие податоци уште еднаш покажуваат дека е потребна итна акција на сите фронтови, развивање на решенија за чиста енергија, истакна извршниот директор на агенција, Фатих Бирол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...