Британската полиција го уапси Асанж

Британската полиција соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Како што јави ДПА, Асанж e уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

 Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.
Апсењето на Асанж следи откако властите на Еквадор соопштија дека решиле да му го укинат дадениот азил.
Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

Во 2010 година, САД издадоа потерница по него под обвинение за објавување доверливи информации, по што Асанж замина во Шведска, каде побара азил. Меѓутоа, набрзо во Шведска беше обвинет за силување, обвинувања што тој ги отфрла.

Асанж тврдеше дека обвинувањата се со цел тој да биде уапсен и потоа Шведска да го екстрадира во САД, поради што замина за Велика Британија. По ова шведски суд објави меѓународна потерница по него, врз основа на која британската полиција го упаси во 2012 година. Но, тој беше ослободен од притвор со кауција до завршување на судскиот процес за негова екстрадиција во Шведска.

По ослободувањето од притвор, Асанж во август 2012 година се засолни во Еквадорската амбасада во Лондон, која му даде азил и тој изминативе седум години ги мина во зградата на дипломатското претставништво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...