Анкета: 86 отсто интернет корисници признале дека биле измамени барем еднаш од лажни вести

Осумдесет и шест проценти од корисниците на интернет признале дека биле измамени од лажни вести – најголемиот дел од нив на Фејсбук – според глобално истражување.



Анкетираните нагласиле дека сакаат и владите и социјални медиуми да се справат со тие активности, кои придонесуваат за растечката недоверба на интернет, како и негативно влијание врз економиите и политичкиот дискурс.

86 проценти од испитаниците велат дека „паднале“ на лажни вести барем еднаш, околу 44 отсто тврдат дека понекогаш или често пати, додека само 14 отсто тврдат дека никогаш не биле измамени од лажни вести. Фејсбук е најчесто цитиран извор на лажни вести – околу 77 отсто од корисниците велат дека ќе видат лажни вести таму, додека 62 отсто од корисниците – на Твитер.

САД предводат во ширење лажни вести, по што следат Русија и Кина, според годишното истражување на Ипсос на повеќе од 25.000 интернет корисници во 25 земји.

Лажните вести се најзастапени на Фејсбук, но исто така се појавуваат на YouTube , блогови и Твитер, се наведува во резултатите од анализата.

Резултатите од истражувањето покажаа дека луѓето во Египет се најмногу веруваат додека испитаниците во Пакистан се најскептипчни.

Резултатите, исто така, откриле широко распространета недоверба од социјалните медиуми и зголемената загриженост поради приватноста и пристрасноста на интернет поради алгоритмите што ги користат интернет компаниите.

Анкетата била спроведена помеѓу 21 декември 2018 и 10 февруари 2019 година во име на Центарот за меѓународна иновација за управување (CIGI).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...