Си: Северна Кореја се движи во вистинска насока

Пјонгјанг, 19 јуни 2019 (МИА) – Претседателот на Кина, Си Џинпинг за севернокорејскиот весник „Родонг шинмун“ изјави дека Северна Кореја се движи во „вистинска насока“ во решавањето на политичките прашања на Корејскиот Полуостров.

Си во интервјуто за „Родонг шинмун“ не ги спомнува преговорите за нуклеарното оружје Вашингтон и Пјонгјанг. Но, експертите наведуваат дека Си на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ќе ги поддржи напорите на Северна Кореја која се повикува на постепено разоружување.

Си наведе дека неговата посета на Пјонгјанг ќе ја зајакне стратешката комуникација и размената помеѓу двете пријателски земји.

– Кина ќе придонесе за мирот, стабилноста, развојот и просперитетот на регионот со интензивирање на комуникациите со Северна Кореја. Кина, исто така ќе соработува со другите заинтересирани страни, така што заеднички ќе го забрза напредокот во дијалогот и преговорите за прашањата на Корејскиот Полуостров, посочи Си.

Си утре ја почнува дводневната посета на Северна Кореја. Тоа е прва посета на кинески претседател на Пјонгјанг во последните 14 години. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...