Апсењето на милијардерот Епстин ја разниша администрацијата на Трамп

Апсењето на американскиот милијардер Џефри Епстин поради обвиненија за проституција и злоставување малолетни лица, ја разбранува јавноста во САД, пред се поради врските на милијардерот од Њујорк со високо поставени лица како принцот Ендрју од Велика Британија и американските претседатели, поранешниот Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп.



Епстин беше уапсен викендов под обвиненија за организација на проституција кои датираат и 19 години наназад. Според весникот, од 2000 година милијардерот организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.

Според федерелното обвинение Епстин „сексуално искористил и злоупотребил десетици малолетни девојчиња“ во своите домови на Менхетн, Палм Бич и други локации. Тој наводно им плаќал на жртвите да регрутираат други малолетни лица, се дознава од обвинението.

Пред судот во Менхетн Епстин синоќа се изјасни дека не е виновен.

Тој во некои периоди од првата деценија на векот бил близок со Клинтон и претседателот Трамп, чија резиденција Мар-а-лаго, се наоѓа во Палм Бич. Трамп на пример, во 2002 година изјавил дека е многу близок со њујоршкиот милијардер.

– Џефри го познавам петнаесет години. Одличен пријател, многу забавен. Некои тврдат дека му се допаѓале убави жени, колку што и мене ми се допаѓаат, и дека многу од нив биле помлади, изјавил Трамп во интервју за „Њујорк магазин“ во 2002 година.

Адвокат на компанијата „Организација Трамп“ синоќа изјави дека претседателот „немал врски“ со Епстин. „Вашингтон пост“ укажува дека наспроти тврдењето на Трамп, постојат јасни докази дека двајцата, како членови на елитните кругови на Менхетн и Палм Бич, биле блиски пријатели во минатото.

Портпарол на Клинтон синоќа изјави дека претседателот Бил Клинтон „не знаел“ за наводните криминални дела на Епстин. Во неколку наврати во 2002 и 2003 година Клинтон и обвинетиот патувале заедно во приватниот авион на милијардерот во Европа, Азија и Африка, „со планирани запирања поврзани со работата на Фондацијата Клинтон,“ изјави портпаролот на Ангел Урења.

Ивесно е дека милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија подведување малолетни лица и организација на проституција. Иако за тежината на делото обвинетиот би требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстин, со помош на високо платени адвокати издејствувал договор со тогашните обвинители, и бил осуден на 13 месеци затвор со право да излези на слобода 12 часа дневно, шест пати во неделата „поради бизнис обврски“, дознава „Њујорк тајмс“.

Сегашното дополнето обвинение укажува дека таа одлука била незаконска. Државниот обвинител од Флорида со кој Епстин тогаш се договорил е Александар Акоста, сегашен државен секретар за труд во администрацијата на Трамп. Незаконитоста на таа одлука се потврди и синоќа на првото рочиште на кое биле прикажани непристојни фотографии што полицијата ги најде во седум катниот раскошен дом на Епстин на Менхетен.

После ова, Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом предводен од демократите, повика Акоста да си даде неотповиклива оставка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...