Индија ја крена војската до степен на зголемена борбена готовност

Индиската војска е крената во состојба на зголемена борбена готовност, откако во парламентот беше поднесен предлог закон со кој се укинува специјалниот статус на државата Џама и Кашмир.

Веста ја пренесе агенцијата Ани на Твитер. Индиските власти веќе почнале со префрлање на дополнителен контингент од 8.000 војници во Џама и Кашмир.

Телевизијата НДТВ јави дека од рано утринава воено-транспортни авиони префрлаат војници на аеродромот од престолнината на Кашмир, Сринагар. Телевизијата наведува дека војниците ќе го засилат контингентот од 35.000 војници што веќе се наоѓа во Џама и Кашмир.

Но, индиската агенција наведува дека целата индиска војска е крената до степен на зголемена борбена готовност.

Медиумите јавуваат дека илјадници Индуси аџии, кои тргнале во храмот Амарнат во Кашмир, се враќаат во своите домови, како што владата им препорача кон крајот на минатата недела.

Индиската полиција ноќеска ги уапси сите позначајни лидери на регионалните партии. Меѓу нив се и поранешниот главен министер на оваа држава, Мехбуба Муфти, како и лидерот на опозицијата во регионалниот парламент, Омар Абдулах.

Во еден дел од државата почнаа спонтани и стихијни протести на одлуката на индиската власт да се укине специјалниот статус на Џама и Кашмир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...