Земјотрес од 6 степени според Рихтер го потресе Тајван

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Тајван, соопшти Централното биро за временски услови, дополнувајќи дека засега едно лица загина, јави ДПА.



Жена од Нов Тајпеј, населба која се придодава на главниот град, загинала од земјотресот откако била најдена поклопена од плакар во нејзината спална соба, соопшти националната противпожарна служба, јави ДПА.

Земјотресот се случил во 5:28 часот (21.28 часот во среда) на длабочина од 22,5 километри, соопшти Сеизмолошката служба на Тајпеј.

Епицентарот на земјотресот бил на 36,5 километри источно од Јилан, во источниот дел на Тајван, а потресот се почувствувал на целиот остров, се наведува во соопштение на владата.

Повеќе од 10,000 семејства во северниот и источниот дел на Тајван останаа без електрична енергија. Жителите на главниот град Тајпеј кажуваат дека биле разбудени од паѓање на предмети и мебел во нивните домови.

Земјотресот предизвика ограничено запирање на струјата и запирања на регионалната железничка мрежа во Северен Тајван. Има информации и за истекување на гас и вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...