Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку пет жртви на ураганот

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица починале на островите Абако од ударот на ураганот Доријан, што во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен.



Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот.

-Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови тоа го дозволат, додаде Минис.

Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени.

-Се наоѓаме на среде историска трагедија, рече Минис, пренесен од американските медиуми.

Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган што било кога ги погодил Бахамите.

Жителите се уште се наоѓаат по засолништата, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде се уништени куќи и поплавени цели населби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...