Значително намален бројот на мигранти од Мексико кон САД

Министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард, по состанокот во Белата куќа синоќа изјави дека „бројот на мигранти што се преминуваат од Мексико кон САД, особено на оние од Централна Америка“, значително се намалил, додавајќи дека очекува нивниот број дополнително да опаѓа.

Ебрард се состана со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, а накратко и со претседателот Доналд Трамп, за да го анализира напредокот во напорите за намалување на бројот на мигранти од Централна Америка.

Пенс ги пофали напорите на Мексико, велејќи дека американски претставници ќе соработуваат со Мексико во натамошно спроведување на Протоколот за заштита на мигрантите и ќе го забрзаат процесот на разгледување на барањата за азил, соопшти Белата куќа.

-Стратегијата на Мексико да распореди повеќе од 25.000 припадници на Националната гарда по должината на границите и да ги зголеми рациите беше успешна, рече Ебрард на прес-конференција, признавајќи дека, сепак, дека бројот на преминувања во септември се уште е над просекот.

Мексико на 7 јуни вети дека ќе преземе серија чекори за спречување на миграцијата, а двете влади се согласија да ги анализираат тие напори по 90 денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...