Американскиот Сенат го призна геноцидот врз Ерменците

Американскиот Сенат денеска ја одобри резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид. Резолуцијата претходно три пати беше блокирана на барање на Белата куќа, но денеска едногласно беше прифатена.



Необрзувачката резолуција, што ја поднесоа демократиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор од Тексас,Тед Круз, потврдува дека геноцид имало и дека за тоа е одговорна Турција, пренесоа американските медиуми.

-На своите пријатели и колеги им велам – геноцид е геноцид, рече Менендез и додаде дека сенаторите треба да имаат храброст тоа и да го кажат „ јасно, гласно и без резерва“.

Менендез и Круз три пати се обидуваа да се донесе резолуцијата преку процедурален маневар што ќе го овозможеше гласањето без долги расправи. Секој пат некој републикански сенатор ќе приговореше, наведувајќи го неодобрувањето на Белата куќа како причина за тоа.

Турција со години лобираше против американското признавање на убиствата на османлиските Ерменци за геноцид.

-Турското повеќедецениско противење на резолуцијата беше „најдолгото вето врз американската надворешна политика“ на некоја странска сила во американската историја, изјави Арам Хампаријан, извршен директор на Ерменскиот национален комитет на Америка.

Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиона Ерменци се убиени меѓу 1915 и 1917 година, а многу научници тоа го гледаат како првиот геноцид во 20. век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...