Ердоган ги обвини арапските земји за „предавство“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази осуда за некои арапски земји за нивната поддршка за мировниот план за Блискиот Исток, претставен од САД, окфалификувајќи го нивното однесување како „предавство“.



– Некои арапски земји кои поддржуваат ваков план вршат предавство на Ерусалим, како и на сопствениот народ и уште поважно, на целото човештво, изјави Ердоган пред своите сопартијци во Анкара.

Ердоган, кој е категоричен во бранењето на палестинските права, ги истакна Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Јордан.

– Особено Саудиска Арабија, вие молчите. Кога ќе ја прекинете тишината? Ако ги погледнете Аман, Бахреин и Абу Даби, ја гледате истата работа, рече турскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот објави детали за долгоочекуваниот план насочен кон решавање на израелско-палестинскиот конфликт, во кој се предвидува Ерусалим да остане „неразделен главен град“ на Израел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...