Мистеријата на коронавирусот: Децата се помалку подложни, а научниците не знаат зошто

Научниците низ светот настојуваат што подобро да го проучат коронавирусот, а еден од непознатите факти кој се уште не можат да го разјаснат е податокот дека децата се помалку подложни на оваа инфекција.



Епидемијата на коронавирусот беше објавена на 31 декември, но во тој момент ниту едно дете помало од 15 години не беше меѓу заразените, се до 22 јануари. Во студија објавена во медицинското списание „Њу Ингланд“ се наведува дека „децата изгледа помалку се подложни на инфекцијата, а и кога ќе се заразат со коронавирус имаат многу поблаги симптоми од возрасните“.

Во меѓувреме, лекарите регистрираа неколку нови случаи на зараза со коронавирусот кај деца. Се заразија деветмесечно девојче во Пекинг, дете од Германија чиј татко бил болен и едно дете од Шенжен во Кина, кое било заразено со вирусот, но немало никакви симптоми.

Кинеските власти завчера информираа дека кај бебе во Вухан, 30 часа по раѓањето, е потврдено присуство на коронавирусот, а инфекцијата била потврдена и кај мајката.

– Од се што досега утврдивме и поради причини кои не ни се јасни, изгледа дека од коронавирусот, пред се, заболуваат возрасните, изјави за „Бизнис инсајдер“ Ричард Мартинело, вонреден професор по инфектологија на Медицинскиот факултет на Јејл.

Симптомите на новиот коронавирус се слични на воспаление на белите дробови или грип – треска, кашлица, висока температура, отежнато дишење и болки во грлото.

Коронавирусот има многу сличности со САРС од чии последици од ноември 2002 до јули 2003 година починаа 774 луѓе, а повеќе од 8.000 се заразија. Меѓу нив имаше и заразени деца, но само 80 лабораториски потврдени случаи и 55 потенцијални или сомнителни случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...